ПОКАЖАА И ДОКАЖАА ЗОШТО СЕ ГЛАДНИ ЗА РАКОМЕТНИ СПЕКТАКЛИ

Битолчани алал да ви е! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Да не звучиме најгрубо после сите моменти пред, во и после овој спортски настан и сето она што беше кажано околу ракометниот натпревар, дефинитивно најголем победник беше публиката во салата „Боро Чурлевски", но и оние навивачи кои за жал останаа надвор од салата со купени влезници, а имаа голема желба да ги бодрат македонските играчи.

Без сомнение Битола покажа и докажа уште еднаш зошто е гладна за вакви ракометни спектакли и воопшто во спортот, а сега сме и сведоци за големата заинтересираност на овој град после долги години да присуствува повторно на репрезентативен ракометен настап на Македонија.

Веднаш после првиот судиски свиреж на трибините беа направени убави кореографии исполнети со мали многубројни македонски знаменца, а секако меѓу навивачите беа и првите луѓе на РФМ предводени од Живко Мукаетов, но и луѓето со кои беше потпишан договорот со официјалниот спонзор „Халкбанк“.

Фото, Петр Стојановски

објавено: 25 октомври 2018 - 23:38