После два дена натпреварување, во кои за победа се добиваше по два бода, европските тенисери водеа со 7:5, а потоа на ред дојдоа завршните борби кои на победниците им донесуваа по три поени.
Во еден возбудлив меч, Федерер славеше против Џон Изнер со 6:7 (5), 7:6 (8), 10:7, а подоцна Зверев со 6:7, 7:5, 10:7 беше подобар од Кевин Андерсон.
Тимот на Европа (Федерер, Зверев, Ѓоковиќ Димитров, Гофан, Едмунд, стручен штаб Борг и Енквист) така го освои и второто издание на „Лејвер" купот кој што се одржа оваа година во Чикаго, САД.