ЧЕТВРТФИНАЛЕТО Е НОВАТА ГРАНИЦА ЗА СРБИНОТ

ТАЈ-БРЕЈКОТ МУ ПРЕСУДИ НА ЃОКОВИЌ: Сензационалниот Чекинато во полуфиналето на Ролан Гарос

Марко Чекинато е сензационалниот полуфиналист на Отвореното првенство на Франција во тенис во Париз, откако со 3:1 во сетови беше подобар од некогашниот број 1 во светот – Новак Ѓоковиќ.

објавено: 5 јуни 2018 - 19:42

Марко Чекинато е сензационалниот полуфиналист на Отвореното првенство на Франција во тенис во Париз, откако со 3:1 во сетови беше подобар од некогашниот број 1 во светот – Новак Ѓоковиќ.
Не оди и не оди... Само што тенискиот свет помисли дека Новак Ѓоковиќ може да го предизвика Рафаел Надал на земјата во Париз, пораз за Србинот.

Го доживеа во дуелот со малку познатиот Италијанец Марк Чекинато, во четири сета, а посебно драматичен беше последниот.

Решен беше во оној т.н. „тај-брејк' со (13:11 во гемови).
Претходно, Чекинато ги доби првите два (6:3 и 7:6), Ѓоковиќ беше убедлив во третиот (6:1).
Победникот од овој интересен меч во битката за финалето ќе се сретне со Доминик Тим.

 

Најново во Други спортови