ПОБЕДНИЧКАТА НА РОЛАН ГАРОС ИМА КОРЕНИ ОД НАШАТА ЗЕМЈА

Романците тврдат: Халеп е Влаинка од Македонија

Светската тенисерка број еден е Ароманка (Влаинка), а нејзината семејна лоза се доселила во Романија од Македонија, во времето на Отоманската Империја

објавено: 10 јуни 2018 - 13:30

Симона Халеп, победничката на годинашниот Ролан Гарос има потекло од Македонија пишуваат неколку романски медиуми.

Романските медиуми пишуваат дека претците на Халеп се од Македонија, кои во оваа земја се доселиле во Романија. Таму ги нарекуваат Ароманци, односно Власи. Според интернет сајтот на „Либертатеа", Халеп е Ароманка, како и неколку други спортски ѕвезди од Романија.

Халеп во повеќе наврати со гордост зборувала за своето потекло од Македонија.
„Случајно или не, Македонците се во основата на некои од најголемите остварувања во романскиот спорт", пишува „Либертатеа". „Тие имаат некои заеднички карактеристики: борци се, врзани се за фамилијата и ги почитуваат традициите", вели ова гласило.

Повеќе прочитајте во утрешното издание на „Sport,com.mk“.

 



Најново во Други спортови