ТРЕТА ПОСЛЕДОВАТЕЛЕН УСПЕХ ЗА РУСИНКАТА ВО ГЕРМАНИЈА

Шарапова со пресврт до титула во Штутгарт

објавено: 27 април 2014 - 16:16

Руската тенисерка Марија Шарапова ја освои титулата во Штутгарт откако во финалето со 2-1 (3-6, 6-4, 6-1) славеше над срската тенисерка Ана Ивановиќ.

Иако Ивановиќ го доби првиот сет со 3-6, Шарапова заигра малку поангажирано, во наредните два сета славеше со 6-4 и 6-1 и ја одбрани минатогодишната освоена титула на терените во германскиот град. Вториот сет, Шарапова го доби благодарение на брејкот за водство од 4-3 додека во третиот тргна фуриозно и со три брејка дојде до триумф од 6-1.

За Шарапова ова е трета последователна титула во Штутгарт. Претходните две години, таа во финалето ги совлада Ли На и Викторија Азаренка.

Најново во Други спортови