СТИГНА И ОФИЦИЈАЛНА ПОТВРДА ЗА ШПАНСКИОТ ТЕНИСЕР

Сезоната е завршена за Надал, Ѓоковиќ останува број 1!

Рафа поради повреда на стомачните мускули одлучи после Париз да го откаже и настапот на Завршниот турнир од Мастерс серијата во Лондон.

објавено: 5 ноември 2018 - 18:30

Ова практично значи дека Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши годината на првото место на АТП листата. Информациите велат дека на местото на Надал ќе дојде Американецот Џон Изнер.

Денеска беше објавена најновата АТП листа на која Србинот го презеде првото место после пласманот во финалето во Париз со 8.045 илјади бодови, пред Шпанецот (7.480).

Рафаел Надал оваа сезона пропушти голем број на турнири на тврда подлога (Бризбејн Акапулко, Индијан Велс, Мајами, Синсинати, Пекинг, Шангај, Париз и Лондон), на Грен слем во Мелбурн и УС Опен ги предаваше мечевите, а единствено во Торонто одигра без проблеми и го освои тој турнир.

Најново во Други спортови