Објавена листата на заработувачка на тенисерите

Секој освоен поен на Ѓоковиќ оваа година вредеше 2176 долари

Србинот убедливо е на врвот на листата на заработувачка на тенисерите за оваа сезона. 

објавено: 21 ноември 2018 - 19:30

Новак Ѓоковиќ за тековната сезона 2018 успеа да заработи 12.609.672 долари само од настапите на турнирите во АТП конкуренцијата. Тој е лидер на листата според заработувачка, оставајќи ги зад себе големите конкуренти на теренот, Надал и победникот на АТП финалето во Лондон, Александар Зверев, кои се најдоа на второто и третото место на листата.

Ако се направи подлабока анализа, излегува дека српскиот тенисер за секој од 5796 освоени поени на одиграните натпревари во 2018 година заработип по точно 2176 долари. Ако направиме споредба со оние 1491 долар кој за секој поен оделе на контото на Федерер, изглегува дека поените кои ги освојуваше српскиот тенисер оваа година беа скоро двојно повредни.

Ваквиот расплет е поради фактот што Швајцарецот оваа сезона заработи само 7,6 милиони долари, што е за скоро 5 помалку од заработката на Ѓоковиќ.

ЛИСТА НА ЗАРАБОТУВАЧКА ЗА 2018:

1. Новак Ѓоковиќ 12.609.672
2. Рафаел Надал 8.663.347
3. Александер Зверев 7.726.914
4. Роџер Федерер 7.599.233
5. Хуан Мартин дел Потро 5.917.766
6. Кевин Андерсон 4.922.699
7. Марин Чилиќ 4.727.148
8. Доминик Тим 4.556.745
9. Џон Изнер 3.746.875
10. Кеи Нишикори 3.784.388

Најново во Други спортови