ПОДОБРО МУ Е ДА СЕ ДРЖИ ДО РЕКЕТОТ

Се обиде да го имитира Мајкл Џексон, и се патосираше... (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на светот не е така успешен во оние акробатски движења.

објавено: 5 декември 2018 - 16:00

Новак Ѓоковиќ максимално ужива во заслужениот одмор после напорната сезона во која ги помести границите...

Па така Ноле одлучи да се одмори од теносот и да проба со танцување.
Запозна еден познат брејкденсер, и еден сјаен имитатор на движењата на легендарниот Мајкл Џексон. Па заедно со Салифу Сорс ги вежбаше оние неверојатни движења на „кралот на поп" музиката.
Меѓутоа, не му одеше баш како што тоа го посакуваше...
Се обиде да направи едно движење по кое заврши на подот.
Видеото од „пробата", Новак го сподели со следбениците на неговиот Твитер профил, и со тоа предизвика неверојатна бројка на духовити коментари... 

Најново во Други спортови