КАКО И СЕКОГАШ, ФЕДЕРЕР ВЕРУВА ВО СЕБЕ

РОЏЕР: Не е страшно ако не дојдам до 21 Грен слем

Роџер Федерер верува дека во кариерата ќе освои уште некој Грен слем трофеј, За сега има 20. а последниот го освои на почетокот на оваа година во Мелбурн...

објавено: 19 октомври 2018 - 22:15

Роџер Федерер верува дека во кариерата ќе освои уште некој Грен слем трофеј, За сега има 20. а последниот го освои на почетокот на оваа година во Мелбурн...

„И понатаму сум на Турот, а тоа значи, верувам дека и понатаму можам да освојувам трофеи и да бидам најдобар. Има четири Грен слема, четири шанси следната година да дојдам до бројот 21. Но сосема е во ред и ако тоа не се случи. Последните две години за мене беа години од соништата. Земав три Грен слема. Би сакал да освојам вкупно 100 титули" - вели Федерер, кој досега има освоено два помалку – 98.

Неодамна Роџер Федерер наполни 37.години и прашањата за евентуално повлекување стануваат се почести.

„Веќе реков јавно, чувствувам дека можам да освојам уште некој, макар еден Грен слем. Додека уживам и додела мојата жена и семејството уживаат, ќе продолжам да играм. Исто така, потребно е и телото да биде на ниво. Се радувам на она што следува" - дополнува славниот Швајцарец.

Најново во Други спортови