ПАРИЗ Е ВИСТИНСКИОТ ПОКАЗАТЕЛ

РОЏЕР Е ПРЕД ЕДНА ВАЖНА ОДЛУКА: Дали „мириса" на крај?

Наредната сезона лесно може да биде и последната за супер Швајцарецот...

објавено: 12 декември 2018 - 11:00

Во наредните денови Роџер ќе донесе одлука дали после две години пауза, повторно ќе настапи на турнирите на земја. А ако го потврди своето учество на Роланд Гарос, тоа би можело да значи дека сјајниот Швајцарец сака за последен пат да одигра на престижниот турнир, и да се поздрави со публиката во Париз.

Значи, скоро сигурно, наредната сезона веројатно ќе биде и неговата последна во кариерата.

„Имам идеја како сето тоа треба да изгледа. Но планирањето е нешто налик на 'пазл'. Поради тоа, детално мораме да разграничиме некои работи" – рече Роџер.

Многумина сметаат дека освојувачот на 20. Грен слем титули ќе се прости на турнирот во родниот Базел, на кој уште сега се бара билет повеќе.

Најново во Други спортови