ЗАВРШНИОТ МАСТЕРС ЌЕ СЕ ИГРА ВО 02 АРЕНАТА (11-18 НОЕМВРИ)

Познати групите во Лондон, Ѓоковиќ со Чилиќ, Федерер против Нишикори...!

На завршниот Мастерс оваа сезона, најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ќе игра во групата „Гуга Куертен" заедно со Германецот Александр Зверев, Хрватот Марин Чилиќ и Американецот Џон Изнер.

објавено: 5 ноември 2018 - 22:39

Во првото коло се очекува Ѓоковиќ да игра против Изнер, а Чилиќ да стартува со Зверев.

Со ждрепка во Лондон е позната и другата група „Лејтон Хјуит" каде што се наоѓаат Швајцарецот Роџер Федерер, Јапонецот Кеи Нишикори, Австриецот Доминик Тим и Јужноафриканецот Кевин Андерсон.

На стартот би требало Федерер да ги одмери силите против Нишикори, а Тим против Андерсон.

Во полуфиналето ќе се пласираат најдобрите двајца од групите, а во нив ќе се игра според системот секој со секого.

Најново во Други спортови