По 11 ПАТ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА МЕСТО ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ НА ТУРНИРОТ

ПОСЛЕ ДОЖДОТ: Рафа се одбрани од Шварцман

Рафаел Надал стигна до уште едно полуфинале на Ролан Гарос.

објавено: 7 јуни 2018 - 14:45

И тоа негово 11. Во кариерата на париската „црвеница" откако во меч кој траеше два дена, и во кој направи вистински пресврт, Шпанецот беше подобар од Аргентинецот Диего Шварцман.

 

Дуелот на првиот и на 12. тенисер на светот почна во средата, но беше прекинат поради дожд, по водството од 1:0 за Шварцам во сетови и преднос тна Надал од 5:3 во вториот сет.
На крајот, борбата во Париз траеше три часа и 42.минути, а славеше Надал со пресврт (4:6, 6:3, 6:2 и 6:2).
По одличниот прв сет на Аргентинецот, денеска Надал мирно го приведе кон крајот вториот, а во наредните два не му даде никаква шанса на противникот да размислува за враќање.
Па така сега „Кралот на земјата" го чека победникот од вториот четвртфинален дуел во кој играат Хуан Мартин Делпотро и Марин Чилиќ.
Од претходно е познат вториот полуфинален двоец. Го сочинуваат големото изненадување на турнирот, Марко Чекинато и Австралиецот Доминик Тим.

Најново во Други спортови