Tениски турнир ТРИГЛАВ ТЕНИС УМАГ 2018

ПОРАКАТА Е ИСПРАТЕНА: „Да го чуваме здравјето"

Во Скопје, во спортска и опуштена атмосфера, на тениските терени во комплексот Јане Сандански беше одржан Тенискиот Турнир "Триглав Тенис УМАГ 2018", во организација и под покровителство на Триглав Осигурување АД, Скопје.

објавено: 23 мај 2018 - 20:40

Групацијата Триглав е верен и долгогодишен поддржувач на спортот. Покрај бројните спонзорства кои компанијата ги доделува на ниво на професионалниот спорт, Триглав постојано работи на мотивaција и поттикнува учество во спортски активности меѓу љубителите на спортот.
За таа цел, годинава, во повеќето држави во регионот каде групацијата Триглав е присутна, повторно се организира корпоративниот настан "Триглав Тенис УМАГ 2018". Под мотото "Да го чуваме здравјето", во Скопје овој настан се одржа во средата, на 18 мај, на тениските терени во комплексот Јане Сандански.
Учесниците на овој турнир покажаа дека спортувањето и успехот во работата одат рака под рака.

„Како учесник, кој по втор пат е дел од овој тениски турнир, организиран од Триглав, можам да потенцирам дека сум исклучително задоволен од бројот на учесници, кој е видно зголемен во споредба со минатата година, квалитетот на игра, кој што е на повисоко ниво, како и целокупната организација. Навистина се надевам дека одржувањето на овој тениски турнир ќе прерасне во традиција, која што ќе биде потсетник за важноста на спортот во нашиот живот на поединечно, но и на колективно ниво“- изјави Дејан Димов, извршен директор на Comtrade.

Учесниците се натпреваруваа во пет категории и тоа, поединци мажи до 45 и над 45 години, парови мажи до 45 и над 45 години и, за прв пат годинава, поединци жени.
Натпреварувањето се одвиваше според таканаречениот "швајцарски систем", односно се играа по четири круга.
Но, секогаш победник е само еден! Овој пат победата ја однесоа:
Лазар Мицев од Црна Река Петрол, победник во категорија поединци мажи дo 45 години;
Љупчо Бебиќ, БАС, победник во категорија поединци мажи над 45 години;
Мира Лесјак од Амбасада на Р. Словенија во Р. Македонија, победник во категорија поединци жени;
Владимир Дојчиновски од НЛБ и Владимир Ранџеловиќ од Црна Река Петрол, победници во категорија парови мажи до 45 години;
Рок Пивк од Триглав Осигурување Скопје и Јоже Сиронич од Амбасада на Р.Словенија во Р. Македонија, победници во категорија парови мажи над 45 години.

Со оваа победа, тие, заедно со победниците од сите категории на турнирите, организирани од компаниите на Групацијата Триглав во регионот, ќе присуствуваат на Умаг Опен 2018 и ќе играат на турнирот организиран од Групацијата Триглав кон средината на јули, годинава.

"Сведоци сме на еден убав настан, кој уште еднаш нѐ потсети колку е важно да ги негуваме здравите навики во животот. Триглав Осигурување и во иднина планира да продолжи со поддршка и организација на активности од ваков карактер, зашто спортот е убава и позитивна приказна, а и бидејќи преку ваквите настани ние продолжуваме со општествено-одговорното работење, кое што е едно од главните начела и принципи на Триглав", изјави во оваа прилика Ѓорѓе Војновиќ, главен извршен директор на Триглав Осигурување Скопје.

Најново во Други спортови