И ДОНЕСЕ ДВЕ ГРЕН СЛЕМ ТИТУЛИ ВО НИЗА, А ТАА ГО ОТКАЧИ

Осака го отпушти тренерот Бајин

Две недели откако го освои Австралија Опен, Јапонката му се заблагодари на најдобриот ВТА тренер за 2018 на соработката.

објавено: 12 февруари 2019 - 11:00

Најдобрата тенисерка на светот во моментов, Јапонката Наоми Осака, приреди изненадување и го отпушти својот тренер Саша Бајин.

Само две недели откако во Мелбурн го освои Австралија Опен и дојде до својата втора грен слем титула во низа, Осака објави дека ја прекинува соработката со тренерот, кој е избран за најдобар од ВТА турнејата во 2018 година.

„Повеќе нема да работиме заедно со Саша. Му се заблагодарувам за соработката и му посакувам се најдобро во иднина", напиша тенисерката на својот Твитер профил.

Бајин беше тренер на Осака од 2017 година, а претходно има работено и со Серена Вилијамс, Викторија Азаренка, Каролин Возњацки...

Најново во Други спортови