ФРАНЦУЗИТЕ САКААТ ДА ГО ВИДАТ НАЈДОБРИОТ ВО ПАРИЗ

„НАПАД" НА ФЕДЕРЕР: Првиот на светот не може да не игра на Ролан Гарос!

Ги Форже, директорот на вториот Грен Слем, смета дека Роџер Федерер би можел да го „добие" Рафаел Надал на париската земја...

објавено: 22 март 2018 - 18:42

Роџер Федерер не играше на Ролан Гарос во претходните две сезони, а за тоа време, неговиот голем конкурент, Рафаел Надал стигна до јубилејната десетта титула на париската земја...

И додека пред две години турнирот во Булоњската шума Федерер го пропушти поради повреда, во она наредната, неговата одлука беше да ја пропушти целата сезона од играње на земја, вклучително и Ролан Гарос.

Слични се неговите актуелни намери.

„Остави впечаток дека физички е потполно подготвен"- вели Ги Форже, и додава: „Ќе ја почитуваме неговата одлука, каква и да биде. Сепак, никогаш во историјата не е видено првиот тенисер на светот да не игра на некој Грен слем, а притоа не е повреден. Лично мислам дека е подготвен да дојде до самото финале на Ролан Гарос, дури и да го освои. Надал е тука, како и останатите играчи. Но Роџер веќе ги победуваше на земја. Велат дека игра како и пред две години. Но се зависи од него"- дополнува директорот на францускиот Опен во Париз.

Во својата кариера Федерер четири пати губеше во финалето на Ролан Гарос, а секој пат подобар од него беше токму Рафаел Надал.
Единствениот „Куп на мускетарите" Швајцарецот го освои во 2009 година кога во финалето го совлада Робин Содерлинг.

Најново во Други спортови