Шпанецот мораше да го среди десниот скочен зглоб

Надал успешно опериран, се враќа за Австралија Опен

објавено: 6 ноември 2018 - 17:29

Носителот на 17 гренд слем титули, Рафаел Надал, имаше успешна операција на десниот скочен зглоб. Тоа беше и причината поради која тој мораше да го откаже учеството на финалниот АТП турнир за оваа година и дуелот со Новак Ѓоковиќ за првото место на светската ранг-листа на крајот од 2018 година.

"Здраво на сите. Ви благодарам за пораките што добив вчера и денес. Операцијата на глуждот мина добро", се огласи Надал на Твитер.

Докторот кој ја изврши операцијата, Анхел Руиз-Которо, вели дека истата траела половина час.

„Операцијата траеше 35 минути при што е острането страно тело од глуждот. Решивме да го отстраниме проблемот сега, за да може навреме да јапочне следната сезона. Целта му е да игра на Отвореното првенство на Австралија и да биде во најдобра можна форма. Отстранивме мало парче што го спречува да се движи нормално", изјавил тој. 

Најново во Други спортови