Еден месец по операцијата

Надал се врати на тренинзи! (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер почна со првите тренинзи подготвувајќи се за брзо враќање на тениските терени.

објавено: 11 декември 2018 - 16:30

Светскиот рекет бр. 2, Рафаел Надал, ги обнови тренинзите по претрпената операција на глуждот на десната нога на почетокот на ноември. На својот Твитер профил, Шпанецот објави дека веќе почна да ги реализира и првите тренинзи.

Надал тренира на терените на неговата академија во Мајорка. Тој пред повеќе од еден месец мораше да направи артроскопија на глуждот на десната нога и да го откаже настапот на завршните турнири оваа година, за да може подготвен да ја дочека новата и настапот на првиот Грен Слем турнир, Австралија Опен.

Поради повредата тој мораше да го предаде и полуфиналето на УС Опен. најавите велат дека шпанскиот тенисер својот прв настап по операцијата ќе го има на егзибициски турнир во Абу Даби.

Најново во Други спортови