Фаворитите сигурни

Надал и Федерер без пречки обезбедија осминафинале на АО

Тројца од главните фаворити з атрофејот на АО денеска немаа посебен проблем да се пласираат меѓу 16-те најдобри.

објавено: 18 јануари 2019 - 12:15

Фаворитите без посебни проблеми успешно ја минаа и шеснаесетфиналната битка на првиот Грен Слем турнир годинава, Австралија Опен. На машкиот турнир три имиња кои конкурираат за пехарот оваа година имаа доминантни настапи.

Шпанецот Рафаел Надал кој е втор фаворит на турнирот во три сета беше подобар од Де Минаур од Австралија. Победата на Надал до 6-1, 6-2 и 6-4, само ја покажа неговата доминација на дуелот против локалниот фаворит на публиката.

Ништо полошо не мина и Рожер Федерер. Тој за час и половина му пресуди на Американецот Фриц (6-2, 7-5 и 6-2) и веќе си закажа осминафинална пресметка со 14. носител на АО, Гркот Циципас. 

Бугарскиот тенисер Григор Димитров, пак, денеска обезбеди победа во три сета над Италијанецот Фабиано (7-6, 6-4 и 6-4) и во следната рунда за противник го доби изненадувањето на турнирот, Американецот Тиафо, кој пред две кола го елиминираше петтиот фаворит на турнирот, Јужноафриканецот Андерсон.

Најново во Други спортови