ЗА НАСТАП НА ЕГЗИБИЦИСКИ ТУРНИР

Милион евра за Федерер, Ѓоковиќ и Надал се „поефтини"

„Ѓоковиќ и Надал не можат до крај да ги исполнат трибините, а Федерер тоа го прави без проблем" – открија коментаторите на Еуроспорт.

објавено: 11 февруари 2019 - 20:50

За организаторите на помалите АТП турнири, најдобриот тенисер на сите времиња Роџер Федерер е играчот број еден, кој се обидуваат да го донесат, бидејќи неговиот настап им е најисплатлив.

Коментаторите на Еуроспорт, Ди Пасквал и Мајлин открија колку познатите тенисери заработуваат од нивниот настап на т.н. егзибициски турнири.

„Федерер бара милион евра. Во последните години надвор од вообичаениот календар настапи на турнирите во Штудгарт, Базел и Дубаи. Надал и Ѓоковиќ се нешто поефтини, 880 илјади евра.
Ѓоковиќ и Надал не можат до крај да ги исполнат трибините, а Федерер тоа го прави без проблем. Ако тој дојде тогаш сигурно имате распродаден турнир, затоа се исплати да се вложи во неговото доаѓање", потенцираа коментаторите.

На 37-години Федерер и натаму игра во врвна форма, па од таму може и да си дозволи да бира на кои турнири ќе настапи.

Најново во Други спортови