ТЕНИСЕРОТ НА ПРВ НАСТАП ПОСЛЕ МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ

Јотовски им се врати на победите

Македонскиот тенисер тргна со рутинска победа на турнирот во Австрија, каде што е втор носител

објавено: 10 јули 2018 - 16:17

Томислав Јотовски успешно ја прескокна својата прва пречка на турнирот во австриски Крамзах. Тој со 7-6, 6-1 го надигра домашниот Филип Шрол, и се пласираше во втората рунда, каде за ривал ќе го има Фермин Тенти од Аргентина. 

Македонскиот тенисер е втор носител на овој турнир со награден фонд од 15.000 долари, и ако ја оправда фаворитската улога, може да стигне далеку и да собере значаен број на АТП поени. За Јотовски ова е прв настап после Медитеранските игри во Тарагона, па затоа и повеќе се мачеше во првиот сет, кога играше тај-брејк. Потоа влезе во ритам, и го разби својот австриски противник.

Јотовски на овој турнир игра и во двојки. Заедно со партнерот Нермин Фатиќ, го минаа првото коло, а во следното ќе имаат потешка задача против четвртите носители. 

Најново во Други спортови