РОЛАН ГАРОС 2018

Халеп - Стивенс е женското финале

Светската тенисерка број 1 Симона Халеп доби уште една шанса да ја освои својата прва Грен слем титула.

објавено: 7 јуни 2018 - 21:43

Халеп во денешното полуфинале на Ролан Гарос ја победи Гарбине Мугуруза со 6:1 и 6:4 по сетови и се пласира во финалето во кое за противничка ќе ја има Слоан Стивенс, која во полуфиналната рунда ја исфрли Медисон Кејс со 6:4 и 6:4.
Халеп ги изгуби трите претходни финалиња на Грен слем турнирите, вклучувајќи и две на Ролан Гарос во 2014 и 2017. Еве трета шанса за триумф.
Женското финале на францускиот опен ќе се одигра во сабота.

Најново во Други спортови