ОДМОРОТ МУ ЗАВРШИ, СЛЕДУВААТ ПОДГОТОВКИ ЗА АВСТРАЛИЈА ОПЕН

Ѓоковиќ со одлична најава: Дали во Мелбурн ќе испише историја? (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на светот работно ќе ги помине новогодишните празници, а како што е веќе познато најдоброто следува уште во јануари, во првиот месец од новата 2019. година.

објавено: 27 декември 2018 - 18:30

Со учеството на егзибицискиот „Мудабал Опен" во Абу Даби завршува зимската пауза за Србинот, на овој турнир ќе настапи од полуфиналето, а ривал ќе му биде подобриот од мечот Тим-Хачанов.

За место во второто полуфинале ќе се борат Чунг и Андерсон, а таму веќе се наоѓа второрангираниот на АТП листата, Рафаел Надал.„Австралија Опен" на својот официјален Твитер ја објави најавата на Новак за првиот Грен слем наредната година.

Турнирот кој Ѓоковиќ шест пати досега го освојувал во кариерата ќе започне на 14-ти, а ќе трае до 27. јануари. Ако повторно дојде до трофејот во Мелбурн, ќе влезе во историјата како тенисер со најмногу титули на АО. Освен тој, по шест трофеи на овој турнир имаат уште Роџер Федерер и Рој Емерсон.

Најново во Други спортови