КОНДИЦИОНИОТ ТРЕНЕР НА СРПСКИОТ ТЕНИСЕР ОТКРИВА

„Ѓоковиќ беше во катастрофална состојба“

Новак Ѓоковиќ и покрај лошиот период успеа да се врати на првото место на АТП листата. 

објавено: 6 декември 2018 - 20:09

Фил Грич, кондицискиот тренер на Новак Ѓоковиќ откри во колку лоша состојба бил Новак Ѓоковиќ на почетокот на сезоната. 

„Никој од нас не мислеше дека ова е можно. Новак беше во големи проблеми, не обрнуваше внимание на деталите, физички не беше подготвен..многу работи недостасуваа во неговата игра. Но, имаше и психички проблеми, не знаеше каде се наоѓа“, рече Грич.

На голема среќа кај Новак брзо се вратила желбата за тенис, бил свесен дека мора да реагира побрзо доколку сака да ја спаси својата кариера.

„Работевме напорно, а тој знаеше дека мора да вложи повеќе. Живееше по правилата на тенисот и на крајот стигна до успех".

Најново во Други спортови