НЕШТО НЕВИДЕНО ДОСЕГА ВО ТЕНИСОТ

Французин „заби“ рекорден број на асови

Му се погоди на Албано Оливети, го подобри рекордот на Сем Квери

објавено: 10 октомври 2018 - 16:00

Албано Оливети со собори рекордот по најмногу едноподруго асови во еден меч. Францускиот џин (203 сантиметри) заби 11 асови по ред на мечот против Германецот Марк Зајбер во квалификациите за турнирот од серијата „Челинџер" во Ортизеи (Италија) за награден фонд од 64.000 евра.

Така 298. тенисер во светот го подобри рекордот на Сем Квери од 2007 година, кога Американецот направи 10 едноподруго асови против сонародникот Џејмс Блејк во Индијанаполис.

Инаку 26-годишниот Оливети запиша вкупно 36 асови против Зајбер, кого го победи со 2:1 во сетови.

Французинот има и одличен сервис. Тој скокна на второто место во категоријата најбрз сервис откако се води статистиката - 257.5 км/ч, а рекордот го држи Австралиецот Сем Грот со 263 км/ч.

Најново во Други спортови