ДАЛИ ОВАА СЕЗОНА ЌЕ БИДЕ ОНАА НА „ПЕНЗИОНИРАЊА"

ФЕДЕРЕР: Нема да најавам повлекување...

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер, најави дека кариерата би можел да ја заврши после Вимблдон...

објавено: 12 јануари 2019 - 21:20

На отвореното првенство на Австралија, Роџер Федерер и официјално ќе ја започне 21.професионална сезона. А одбраната на титулата ќе ја почне против Денис Истјомин.
Иако во август наполни 37. години, моментално третиот тенисер на светот, нема намера наскоро да се пензионира.

„Се надевам дека мојата кариера нема да се заврши поради повреда"- вели Федерер. „Не сум смислил совршен крај. Тоа не мора да се заврши на тој начин. Ќе се пензионирав ако сакав кога го совладав Надал во епското финале на Австралискиот Опен. Повеќе фактори влијаат на таа одлука. Прво како се чувствувате физички, потоа семејството. Можеби само едно утро ќе се разбудите и ќе си кажете, тоа е тоа, Едберг ми рече да не најавувам пензија на почетокот на сезоната, затоа што тоа не треба така да се направи, па затоа и ќе го послушам".

Иако не знае кога ќе ја заврши кариерата, швајцарскиот тенисер сепак знае каде би можело тоа да се случи.

„Доста турнири се многу посебни за мене. Но да, се издвојува Вимблдон" – вели Федерер.

Приказните за завршување на кариерата на „големата четворка" ги подгреа повлекувањето на Енди Мареј, кој во Мелбурн изјави дека претстојниот Австралиан Опен би можел да бид епоследнто турнир кој ќе го игра во кариерата.

Најново во Други спортови