ХОПМАН КУП 2019

Федерер и Бенчич донесоа нова титула за Швајцарија

Роџер Федерер и Белинда Бенчич под знамето на Швајцарија ја одбранија титулата во традиционалниот Хопман куп

објавено: 6 јануари 2019 - 09:31

Швајцарското дуо успеа да триумфира против германското дуо составено од Анџелик Кербер и Александар Зверев со 2:1 по сетови.

Во реприза од финалето 2018, Федерер го совлада Зверев со 6:4/6:2 и донесе водство за Швајцарија, меѓутоа шампионката од Вилмблдон Кербер ја совлада Бенчич со 6:4/7:6 (8:6) за изедначување.
Но во мешани двојки Роџер и Белинда беа подобри од противниците 4:0/1:4/4:3 (5:4) и со тоа на Швајцарија и го донесоа вкупно четвртиот трофеј од Хопман купот. Во мешани двојки се игра по брзински формат - првиот тим што ќе стигне до четири поени го добива сетот, а тај-брејк се игра ако резултатот е 3:3.

Дваесеткратниот гренд слем шампион Федерер е првиот тенисер со три Хопман титули, два пати со Бенчич и една со Мартина Хингис во 2001 година.

Ова е последното издание на Хопман купот бидејќи од идната година ќе биде заменет со нов АТП турнир.

Најново во Други спортови