РОМАНКАТА СИМОНА ХАЛЕП ЈА ОТКРИ ТАЈНАТА ЗА УСПЕХОТ

Е ТОА Е ЖРТВА: Ги намали градите за да биде број 1 тенисерка во светот

На ВТА листата го држи првото место, а од саботата е и актуелен освојувач на Ролан Гарос

објавено: 11 јуни 2018 - 12:30

Романката Симона Халеп го оствари својот сон. Во саботата го освои својот прв гренд слем турнир, откако го крена пехарот на легендарниот Ролан Гарос. Тоа беше нејзино четврто финале на едно големо натпреварување и конечно прв пат се радуваше на трофејот. Претходно во финалињата губеше од Марија Шарапова (Ролан Гарос 2014), Јелена Остапенко (Ролан Гарос 2017) и Каролин Возначки (Австралија опен 2018).

Овојпат во Париз, Халеп дојде како прва носителка, прва фаворитка, а конечно тоа го потврди и на терен. Во финалето против Слоун Степенс губеше со 1:0 во сетови, но успеа да направи пресврт и да се израдува на највредната победа во нејзината кариера. 

Халеп објаснува како успеала да се мотивира и да работи напорно за да стигне до врвот.

„Ја гледав ВТА листата на интернет и моето име го немаше ниту во првите 100. Тогаш решив дека е време за промена. Сакав да стигнам до врвот, до првото место“, вели Халеп, додавајќи дека најголемата жртва коај ја има направено е да се одлучи да ги намали градите. 

„Најголема жртва ми беше да ги намалам градите. Ионака не ги сакав во приватниот живот, но го направив тоа поради тенисот. За мене тренирањето не е некоја жртва, бидејќи навистина го сакам тенисот“, вели Халеп.

Најново во Други спортови