ПОВТОРНО ОДИ ПОД „НОЖ“

ДЕФИНИТИВНО Е КРАЈ: Мареј на нова операција

Крајот на кариерата се чини дека е поблизу од најавеното. Британецот мора на нова операција на колкот.

објавено: 18 јануари 2019 - 11:37

Енди Мареј најави крај на кариерата, но се чини дека истиот ќе се случи многу порано од најавеното со оглед на тоа дека Британецот ќе мора да подлежи на нова хируршка интервенција.

Мареј оди на нова операција на колкот и дефинитивно нема да настапи на турнирот во Марсеј, со оглед на тоа дека веќе ги информираше организаторите за неговото отсуство.

Енди Мареј беше елиминиран во првото коло на Австралија Опен, пред чии почеток и ги најави размислувањата за повлекување од активното играње.

Најново во Други спортови