ГУСТАВО КУЕРТЕН Е УБЕДЕН ВО ЕДНА РАБОТА

Да ја имав таа чест да се запознаам со Сена, ќе имав уште Грен слем титули

Прославениот бразилски тенисер Густаво Куертен се присети на моментите на растење и сите оние трки на Ајртон Сена, кој го мотивирал да биде шампион...

објавено: 10 јуни 2018 - 17:30

Сена освои три шампионски титули во Формула 1, загина на 1. мај 1994 година на трката за Големата награда на Сан Марионо, кога Густаво Куертен имаше само 18. години.

Интересно, токму во таа година, Куертен за прв пат во животот го виде, беше во Париз, а на трибините на „Ролан Гарос" влезе по заслуга на еден редар, и својот тренер, за да го гледа дуелот помеѓу славниот Чех Иван Лендл, и својот сонародник Жаузме Онсис.
Пет години подоцна, популарниот „Гига"го дочека својот момент на Ролан Гарос, го одвои својот најголем трофеј во кариерата. Истото го повтори и во 2000 односно 2001 година.

„Мислам дека на Бразил му недостасува самодоверба, и тоа е она што ни е потребно во овој момент. И Сена беше симбол за тоа. Додека растев, јас размислував за тоа како да станам шампион"- вели Куертен при новата посета на Париз.

Признава дека секоја недела исполнета со трка на Сена, бил покрај ТВ екраните. И од оваа временска дистанца, жали што не успеал да воспостави „директен контакт" со бразилската тркачка легенда.

„Тоа што никогаш не го запознав Сена остави голема 'дупкаа' во мојот живот. Тоа го претворив во една погонска сила за да постигнам такви работи. Благодарение на неговите совети сигурно е дека би освоил уште четири или пет Грен слемови, и тоа би била вистинска привилегија за мене. Да бидам искрен, себе си се сметам за негов пријател. Како на навивачи, тоа ни е дозволено. Но како спортисти, тоа прави да бидеме поблиску до него. Она што е сјајно за мене е дека Ајртон беше нешто со што се споредував кога станав професионален тенисер"- дополни Куертен со признание кој бил негова инспирација низ текот на врвните сезони во светскиот тенис.

 

Најново во Други спортови