Жо-Вилфред Цонга е победник на АТП турнирот од серијата 250 во Монпеље. Францускиот тенисер беше подобар од својот сонародник Пјер-Иго Ербер со 2:0 по сетови 6:4, 6:2.
Ова беше 17. титула за Цонга во својата кариера.
На турнирот во Софија, славеше Данил Медведев. Русинот во финалето беше подобар од унгарскиот тенисер Мартон Фушович со 2:0 (6:4, 6:3) и со тоа го освои четвртиот турнир во АТП.