Србинот триумфираше против Хрватот со 2:1 во сетови 4:6, 6:2 и 6:2 и сега вториот носител го чека подобриот од последната четвртфинална пресметка помеѓу третиот носител Роџер Федерер и Кеи Нишикори (10.)
Одлучувачкиот трет сет беше навистина занимлив, Чилиќ имаше брејк предност, но потоа Ѓоковиќ веднаш возврати и дојде до израмнување.
Клучот беше спасената бреј топка во седмиот гем кога српскиот тенисер имаше еден фантастичен удар, се одеше според неговиот план, направи брејк и на крајот ја искористи својата меч топка за полуфинале.
Веќе е позната првата полуфинална средба во Франција каде што силите в сабота ќе ги одмерат Доминик Тим и Каран Хачанов.