ГЕРМАНЕЦОТ ГИ ЗНАЕ СИТЕ „ТОЧКИ" НА СРБИНОТ

БЕКЕР: Во Новак гледам еден некогашен шампион

Легендарниот Борис Бекер истакнува дека кај Новак Ѓоковиќ ја видел онаа „глад" за нови победи...

објавено: 4 јуни 2018 - 15:00

Српскиот тенисер на Роландо гарос стигна до своето 40. Грен Слем четвртфинале во кариерата. А во Париз е и неговиот некогашен тренер,. Борис Бекер, кој јасно е, со возбуда ги следи неговите настапи на француската земја.

„Внимателно ги следам неговите мечеви. Ја препознавам онаа физичка спремност, но и ударите од основната линија кои го направија шампион пред две години. Знам дека некои стручњаци се сомневаа во неговата 'глад за победи' и посветеност,. Меѓутоа тој е некогашен шампион. И сигурно е дека не би бил овде ако не сака да го повтори тој резултат. Од натпревар во натпревар напредува, и не е далеку од најдобрата форма" - кажа Германецот.

Во борбата за полуфинале на Ролан Гарос, Ноле игра против италијанецот Марк Чекинато, кој до овој турнир во Париз не оствари ниту една Грен слем победа.
Ова ќе биде и нивниот прв меѓусебен дуел во кариерите.

 

Најново во Други спортови