Медиумите во САД пренесоа информација дека во утринските часови на голф игралиштето полицијата пронашла торба која и припаѓала на младата, 22.годишна спортистка од Шпанија, а неколку метри подалеку и нејзиното безживотно тело!
Недолго потоа е забележан и осомничениот за убиството, нејзиниот врсник, Колин Даниел Ричардс.
Арозамена беше особено талентирана голферка, една од најдобрите на светот, а оваа година го освои БИГ 12 турнирот и индивидуалното првенство на Европа.
Поради овој успех беше прголасена за најдобрат спортист на Универзитетот Ајова стејт, и со тоа обезбеди учество на еден од најголемите голф-турнири – УС Опен.
„Селија имаше заразна насмевка, беше многу ведра личност и сите ние кои ја познававме можевме да се сметаме за среќници. Многу ќе ни недостасува. Беше спектакуларна, студент, спортист и амбасадор на Ајова стејт"- стои во соопштението за јавноста упатено од страна на Универзитетот во Ајова.