ВТОРИОТ МАКЕДОНСКИ АТЛЕТИЧАР НА ЕП БЕРЛИН

Слаб настап и за Ивановски, претпоследен на 1.500 метри

На Европското првенство во атлетика што се одржува во Берлин, Германија свое учество имаше и Дарио Ивановски.

објавено: 8 август 2018 - 14:46

Во првата квалификациска група дојде до претпоследната 11. позиција, во Топ 3 се најдоа Крис О'Хер од Велика Британија (3:49.06), Германецот Хомију Тесфаје (3:49.28) и Норвежанецот Хенрик Инфебригстен (3:49.54 мин.).

Од 34. натпреварувачи во оваа дисциплина во квалификациите севкупно македонскиот претставник го освои претпоследното 33. место со 3:57.52 мин., подобар само од Карлес Гомез (Андора, 4:00.02) кој што беше во истата квалификациска група. На врвот се најде Британецот Џејк Вајтман (3:40.73 мин.).

Да потсетиме, вчера свој настап во Берлин имаше и нашата атлетичарка Дрита Ислами која имаше убедливо најлошо време и како последна ги заврши квалификациите во трката на 400 метри со пречки.

Патеката ја мина за 1:02.23 минути што е за скоро три секунди послабо од нејзиното најдобро време.

Најново во Други спортови