италијанецот беше изнесен на носилки и пренесен во болница

Синот на Аркан ќе убиеше боксер во рингот (Видео)

Српскиот боксер Вељко Ражнатовиќ стигна до третата победа за само неколку месеци

објавено: 8 јули 2018 - 12:15

Српскиот боксер Вељко Ражнатовиќ стигна до третата победа за само неколку месеци, откако без проблеми го доби дуелот со италијанскиот боксер Данило Станоче. Во рингот во Јагодина, две борби траеше мечот на кој Ражнатовиќ доминираше. 

Клучниот напад се случи во втората рунда, кога Србинот го прати противникот на патос, а судијата досуди победа со технички нокаут. Италијанскиот боксер не можеше да стане, па брзо реагираше и лекарската екипа. Нокаутираниот боксер на носилки беше изнесен од рингот и пренесен во болница.

Вељко, кој е син на починатиот Жељко Ражнатовиќ - Аркан, пред неколку месеци ја започна боксерската кариера, а ова беше негова трета борба и трета победа. 

Најново во Други спортови