НЕВЕРОЈАТНИ РЕЗУЛТАТИ НА „ГРЕНД СЛЕМ“ ТУРНИРОТ

ШОК ЗА ФАВОРИТКИТЕ: И Халеп елиминирана од Вимблдон! (Фото)

Најдобрата тенисерка на светот изненадувачки загуби во рамките на третото коло...

објавено: 7 јули 2018 - 19:10

Симона Халеп иако ја имаше фаворитската улога и го освои првиот сет со 6:3, Романката на крајот доживеа елиминација.

За тоа се погрижи сензацијата од Кинески Тајпеј, Су Веи Хсије која направи пресврт триумфирајќи со 6:4 и 7:5. Во следната фаза ќе игра против Доминика Цибулкова.

Воедно продолжува серијата на порази на фаворитките на „Вимблдон", освен Халеп својот настап рано го завршија уште Возњацки, Стивенс, Свитолина, Гарсија, Квитова, Венус Вилијамс и Кијз.

 

Најново во Други спортови