СЕНЗАЦИЈА НА ЈУЖНОАФРИКАНЕЦОТ

ШОК на ВИМБЛДОН: Федерер испадна, Андерсон се врати од 0:2!

Швајцарскиот тенисер не успеа да се пласира во полуфиналето на Грен слем турнирот, по 13. пат во богатата кариера.

објавено: 11 јули 2018 - 18:39

Иако Роџер Федерер водеше по сетови со 2:0 (6:2, 7:6), Кевин Андерсон собра сили и приреди голем пресврт освојувајќи ги останатите три сета.

Најпрвин израмни на 2:2 (7:5, 6:4), а во решавачкиот петти сет, најнеизвесен на мечот, триумфираше претставникот од Јужна Африка со 13:11.

Минатогодишниот победник на „Вимблдон" во Лондон е елиминиран во дуел кој што траеше епски четири часа и 13. минути.

Андерсон за пласман во големото финале ќе игра против подобриот од Милош Раониќ (Канада) и Американецот Џон Изнер.

Најново во Други спортови