На Белградскиот триатлонски куп

Седум медали за „Триоџи Рејсинг"

Со два златни и пет сребрени медали се вратија членовите на триатлонскиот клуб „Триоџи" од Скопје од Белградскиот триатлонски куп, што по 24.пат се одржа на Ада Циганлија.

објавено: 5 јуни 2018 - 20:30

Иако постои само година и пол, клубот за триатлон „Триоџи Рејсинг" бележи големи успеси на домашните и на регионалните натпревари.

Со два златни и пет сребрени медали се вратија членовите на триатлонскиот клуб „Триоџи" од Скопје од Белградскиот триатлонски куп, што по 24.пат се одржа на Ада Циганлија.

Во силна конкуренција, македонските кадетски/младински репрезентативци и членови на „Триоџи Рејсинг" ги освоија следните награди:
Елена Зисовска – 2 место (сениорки)
Иво Јован Димовски – 1 место (кадети)
Бојан Кралевски – 2 место (кадети)
Бојана Ѓорѓијеска – 2 место (јуниорки, за прв пат на супер спринт дистанца 750+20+5км)
Марио Брезовски – 1 место (млади надежи)
Бобан Јаневски – 2 место (млади надежи)
Јана Ѓорѓијевска – 2 место (млади надежи)

На натпреварот во Белград, претходеа подготовки за Крос триатлонот во Крагујевац, Србија, што се одржа на 21 мај, каде исто така беше освоен подиумот повеќе пати.
Антонија Брезовска – 1 место (мастерс жени)
Бојан Кралевски – 3 место (кадет)
Здравчо Здравев – 3 место (надежи)
Марио Брезовски - сребрен медал(млади надежи)

Јана Ѓорѓијевска – 1 место (млади надежи)
Јована Каленикова – 2 место (млади надежи)

Иако постои само година ипол, клубот за триатлон „Триоџи Рејсинг" бележи големи успеси на домашните и на регионалните натпревари. На тој начин ја развива свеста за спортот кој е во подем во Европа.

 

Најново во Други спортови