Традицијата продолжува

Почнува „Турнирот на медиумите во мал фудбал“

објавено: 13 декември 2018 - 16:45

Од денеска до недела (13-16 декември 2018 година) во организација на Спортското радио 90.3 фм ќе се одржи најновото издание на „Турнирот во мал фудбал на Медиуми 2018". Традицијата на крајот од тековната календарска година продолжува и оваа година, со четири дена фудбал, дружење и забава на вработените во медиумите и останатите учесници во ревијалниот дел на турнирот.

Оваа година на турнирот ќе учествуваат 9 електронски медиуми поделени во три групи. Победниците од секоја од групите и најдобрата второпласирана репрезентација ќе обезбедат пласман во полуфиналните натпревари. Во рамките на манифестација, секојдневно ќе се одигруваат и бројни ревијални натпревари меѓу институции, јавни и естрадни личности, спортски ветерани...

Вечерва турнирот го отвараат МРТВ и Канал 5 со мечот во 19.50 часот, а потоа ќе играат Канал 77 и Алфа ТВ и Спортско радио 90,3 и Сител ТВ. Влезот за сите четири дена е слободен.

ДЕНЕСКА:

19.50 МРТВ – КАНАЛ 5

20.30 КАНАЛ 77 – АЛФА

21.10 Ревијална Општина Гази Баба- Општина Ѓорче Петров

21.50 СПОРТСКО РАДИО 90,3 – СИТЕЛ

22.30 Ревијална ЕВН – АСТРА КАЗИНО

Најново во Други спортови