ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКАТА НАДЕЖ

Петрушев првопласиран на Европскиот куп во кајак-кану (Фото)

На Европскиот Куп Солкан (Словенија) за натпреварувачи Ангел Петрушев до 14. години го освои првото место со време 111,98 секунди.

објавено: 7 јули 2018 - 21:25

Во К1 категоријата (71 учесник) најпрвин во квалификациите беше најдобар со 109,18, а во текот на главната трка исто така доминираше и покрај казнетиот поен.

На тој начин дојде до златото, пред Чехот Д. Цапалини (+0.67) и австрискиот претставник Прејсел Р. (+1.96).

Свој настап имаше и Енис Небиовски кој во У18 (К1 категорија) дојде до 14. позиција од 42. натпреварувачи.

Најново во Други спортови