КАТЕГОРИЧЕН РУСКИОТ „ЅВЕР“ ПОСЛЕ ХАОСОТ ВО ЛАС ВЕГАС

Оставете го брат ми, не сакам пари: Хабиб му се закани на УФЦ!

Хабиб Нурмагомедов поради навредите што ги добиваше пред и во текот на борбата со Конор Мекгрегор го прескокна кафезот и го нападна спаринг партнерот на Ирецот.

објавено: 11 октомври 2018 - 17:53

Тоа предизвика лавина негодувања, започнувајќи од претседателот на УФЦ, Дана Вајт кој изјави дека е можна казна за Русинот, а доколку се донесе одлука за подолга суспензија, тогаш ќе му се одземе и појасот.

„Ако некого морате да казнете, мене казнете ме. Зубаир Тахугов нема ништо од тоа. Ако мислите дека јас ќе молчам за сè, тогаш сте се измамиле. Го откажавте мечот на Зубаир, и сакате да го отпуштите, бидејќи тој го удрил Мекгрегор. Не заборавајте дека тој прв го удри мојот брат, само гледајте го видеото. Ако го отпуштите исто така ќе ме изгубите мене. Ние во Русија никогаш не се откажуваме од браќата и за братот одам до крај. Ако после сè што реков не ја менувате вашата одлука, испратете ми раскин на мојот договор, во спротивно јас ќе го прекинам", се вели писмото на Хабиб.

Тој додаде уште дека УФЦ може да ги задржи парите кои што му зедоа. Хабиб искрео ја бранел својата чест и тоа е најважно за него.

Најново во Други спортови