По завршувањето на новата сезона

Вон објави дека оди во пензија

Иако и недостасуваат уште 4 победи до рекордот на Стенмарк, Американката е решена оваа сезона да и биде последна во кариерата.

објавено: 12 октомври 2018 - 10:15

Големата скијачка ѕвезда, Американката Линдзи Вон, го објави своето пензионирање по завршувањето на новата сезона. 33-годишната носителка на три олимписки медали и две злата од светските првенства, уште по завршувањето на минатата сезона најави дека размислува за повлекување од скијаките патеки, но остави одлуката да ја донесе пред стартот на оваа сезона.

Вон досега има 82 победи на натпреварите во Светскиот куп, четири помалку од Ингемар Стенмарк кој го држи рекордот за најмногу победи во Светскиот куп.

На Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во февруари, Вон истакна дека сака да вози се додека не успее да го мине легендарниот Швеѓанец, кој во кариерата освои 86 трки.

Најново во Други спортови