ОДЛИЧЕН СТАРТ ЗА МАКЕДОНЕЦОТ НА ШАМПИОНАТОТ ВО КЛУЖ

Влакевски е четврти по половина од првото коло на СП

Денеска играа половина од 64-те учесници, а Македонецот е четврти, со големи шанси да стигне далеку

објавено: 21 мај 2018 - 19:15

Со резултат од 660 соборени дрва, Бојан Влакевски го држи четвртото место по првиот ден од квалификациите на поединечното Светско првенство кое се одржува во романскиот град Клуж. Утре треба да играат уште 32 куглари, но сигурно е дека Влакевски влегува меѓу 32-цата најдобри на светот. В четврток, Влакевски ќе игра во второто коло, и ако направи добар резултат, сигурно влегува во осминафиналето во кое ќе има директен дуел против некој од ривалите. Со малку среќа (знаење има), екс-кугларот на Макпетрол и Вардар 2014, а актуелен член на хрватски Медвешчак, може да биде и четвртфиналист, што би било голем успех. 

Утре претпладне треба да настапи Тања Трпковска, а в среда се дисциплините спринт и тандем микс, кога на патеките ќе се појават и Борис Бенедик и Билјана Гаврилова. 

Најново во Други спортови