Државно првенство во пинг понг

Вардар е нов шампион!

Победи Вардар со 4-2. Штипјани поведоа со 2-1, но скопјани успеaја да направат пресврт, со победите во двојки, и двете победи на Кристијан Станојковски.

објавено: 18 јуни 2018 - 20:02

Во Штип се одигра финалната средба во Државното првенство во пинг понг, во плеј офот.

Играа Шампион ФА и Вардар. Победи Вардар со 4-2. Штипјани поведоа со 2-1, но скопјани успеаја да направат пресврт, со победите во двојки, и двете победи на Кристијан Станојковски.

Согласно со правилникот, нема да се игра реванш, бидејќи екипата на Вардар беше прва во регуларниот дел од првенството и со предност од 1-0  влезе во плеј офот.

Со оваа победа „вардарци“ зголемија на 2:0, и тоа е и конечниот резултат во доигрувањето за шампионската титула.

Претходно, Вардар ја елеминира екипата на Младост, додека пингпонгарите на Шампион  ФА беа подобри од екипата на Работнички. 
Шампионот Вардар настапуваше во состав Кристијан Станојковски, Живко Апостоловски, Васко Манасиевски и Филип Здравковски. Шампион ФА пак играше со Сашко Богатинов, Филип Младеновски, Александар Кралев и Дамјан Стојчев.

Интересно е и тоа што средбата ја судеше Момо Смолиќ, најстариот пингпонгарски судија во Македонија, кој е од Штип и има 69 години.

Секако, немаше забелешки на неговото судење.
К.Манев

Најново во Други спортови