ОДЛИЧЕН РЕЗУЛТАТ ЗА МАКЕДОНСКИОТ КАЈАКАР

Спасиќ четвртопласиран на Европскиот куп во Чешка

Нашиот натпреварувач оствари голем успех особено на втората трка на Европскиот куп во Чешка во рамките од четвртото коло.

објавено: 19 август 2018 - 22:15

Љубомир Спасиќ најпрвин ја освои 22. позиција во првото возење со резулѕат 00:49.38, најдобар беше Французинот Сиприен Лериш (00:45.63).

Многу подобар пласман македонскиот кајакар имаше во второто возење во Чешке Будејовице каде што стигна до високата четврта позиција од вкупно 77. натпреварувачи.

Спасиќ имаше време од 00:48.25, зад триото Адам Сатке (00:46.00), Михал Кошик и Адам Нојберт.

Во текот на вчерашниот ден на интернационалниот натпревар во кајак на диви води во спринт, во првото возење се пласираше на 25. место, додека неговиот краен пласман беше 28. позиција од вкупно 74. натпреварувачи.

Најново во Други спортови