ПРИЕМ ЗА КАРАТИСТИТЕ ВО АМС

Спасеновски, Османи, Петков и Костов се нашите херои!

Директорот на АМС, Дарко Каевски организираше прием за македонските каратисти, кои ни донесоа два златни и два сребрени медали од последното Европско карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори.

објавено: 12 февруари 2019 - 16:15

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски организираше прием за македонските каратисти, кои ни донесоа два златни и два сребрени медали од последното Европско карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори, кое се одржа

Каевски им го честиташе успехот на македонските херои и потенцираше дека нашите репрезентативци им покажале на европските карате сили дека Македонија била во врвот и ќе остане во врвот.

„Гордо ве пречекуваме херои од 46. Европско карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори. Денес е чест да се биде рамо до рамо со европските шампиони во У-21 Петар Спасеновски, категорија до 84 кг и Доан Османи, категорија до 75 кг. и сребрени медалисти Давид Петков, јуниори категорија +76 кг. и Бојан Костов, кадети до 52 кг.

Нашите каратисти уште еднаш им покажаа на европските карате сили дека Македонија била во врвот и ќе остане во врвот, а тоа нашите херои го докажаа на дело со овој успех. Да упатам голема благодарност и пофалби за стручниот штаб за посветената работа со нашите репрезентативци, а исто така сакам да упатам честитки за успешната организација и работа на Карате федерацијата на Македонија. На крај сакам да ги охрабрам и оние репрезентативци кои не успеаа да се закитат со некој медал, да продолжат со напорните тренинзи и посветено да тренираат а резултатите ќе пристигнат“, изјави Каевски.

Најново во Други спортови