ДВЕ ЗЛАТА ЗА МАКЕДОНИЈА НА КАДЕТСКОТО ЕП ВО ДАНСКА

Спасеновски и Османи - европски шампиони!!!

Македонските каратисти со вкупно четири медали, два златни и два сребрени се враќа од настапот на Европското првенство У21 во Данска.

објавено: 10 февруари 2019 - 16:30

Историски успех на македонските карате репрезентативци, кои во ист ден и донесоа два златни медали на Македонија на Европското првенство У21 во Алборг, Данска.

Петар Спасеновски е нов европски првак во конкуренција -84кг., додека Доан Османи во конкуренција -75кг. во помлади сениори.

Откако на првиот ден од првенството, Глигор Петков се закити со сребрениот медал во јуниорска конкуренција, а потоа и Бојан Костов беше сребрен кај кадетите, денеска фантастичниот настап го заокружија Спасеновски и Османи.

 

Најново во Други спортови