ПОРАДИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ

Скопскиот маратон поместен за 4. мај

објавено: 12 февруари 2019 - 17:15

Скопскиот маратон поместен е за еден ден наназад, односно ќе се одржи на 4-ти мај (сабота), наместо предвидниот датум 5-ти мај (недела). Причината за ваквото поместување се претседателските избори. Вториот круг е предвиден токму за 5-ти мај, и да не се поклопат двата настани одеднаш. 

Информацијата ја потврдија и од организацијата на Виз-Ер скопскиот маратон кој што традиционално се одржува во првата недела од мај. 

Најново во Други спортови