Рускиот претседател се сретна со UFC борецот

Што му кажа Путин на Нурмагомедов на денешната средба?

„Ќе побарам од татко му да не го казни сериозно", изјавил Путин по средбата со Хабиб.

објавено: 10 октомври 2018 - 19:38

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го прими Хабиб Нурмагомедов заедно со неговиот татко по сите контроверзи во јавноста откако помина борбата со Ирецот Мекгрегор. Првиот човек на Руската федерација, се сретнал со UFC борецот во Уљановск, каде што Хабиб дојде вчера.

Путин истакнал дека во Русија сите внимателно ја следеле борбата на Нурмагомедов во Лас Вегас и со се срце се радувале на победата.

"Ние внимателно следевме сè, се разбира, бевме многу загрижени за тебе. Ќе побарам од татко му да не го казни сериозно“, изјавил на шега Путин по средбата со Хабиб.

 

„Ако сме нападнати однадвор, тогаш не само тој, туку и секој друг ќе се обиде да се одбрани. Секако, подобро е до ова да не дојдеше“, потенцирал Путин, за скандалот кој изби по борбата во Лас Вегас.

Најново во Други спортови