ТРЕТА ГОДИНА ПО РЕД, ТУРНИРОТ СЕ ОДРЖУВА ВО КАРАС

Шахистите на Алкалоид со ист состав на Европскиот Клупски Куп

На претстојниот Европски Клупски Куп кој што ќе се одржува од 11 – 17.10.2018 година во Порто Карас, Грција, боите на клубот ќе ги бранат стандардните 6 елитни светски велемајстори од Кина, Русија и Украина, заедно со двајцата најдобри македонски игра

објавено: 14 септември 2018 - 09:30

Сите странски играчи, во изминатите години веќе биле дел од шампионскиот состав на шк „Алкалоид", а со тоа на одличен начин продолжува да се негува тимскиот дух на екипата, кој се покажува како исклучително значаен фактор во успешните настапи претходните години.

Македонскиот шаховски клуб „Алкалоид" ќе го претставуваат:

-Динг Лирен (Кина) велемајстор
-Ју Јангји (Кина) велемајстор
-Дмитри Јаковенко (Русија) велемајстор
-Дмитри Андрејкин (Русија) велемајстор
-Јуриј Кроворучко (Украина) велемајстор
-Павле Елјанов (Украина) велемајстор
-Трајко Недев (Македонија) велемајстор, ФИДЕ Сениор тренер (ФСТ)
-Филип Панчевски (Македонија) Интернационален мајстор
-Драгољуб Јакимовиќ (Македонија) велемајстор, капитен, ФИДЕ Тренер ДИ

Најново во Други спортови